Home Живот Ако има Бог, го молам да му врати на татко ми за...

Ако има Бог, го молам да му врати на татко ми за сè што ни направи

Здраво, имам 16 години и живеам со мајка ми во едно мало станче. Татко ми нè напушти пред повеќе од шест години, за помлада жена и оттогаш не сум го видела.

Всушност, го имам видено неколку пати ама само од далеку, а тој самиот не дошол да ме побара за да ме види. Дознав дека е преженет и има син. Со мајка ми живееме сами, немам баба и дедо зошто мајка ми е сирак, немаме никој на светов.

Мајка ми си мисли дека ништо не знам, но таа почна пред две-три години да се дружи, поточно да спие со разни мажи за пари и на тој начин да заработува, за станот, за сметките, за храна и за сите мои потреби.

Тие мажи ми ги претставува како деловни соработници, колеги од работа, но јас сум сега голема и сè разбирам, само се правам дека ништо не сфаќам.  Можеби и таа е свесна па почна поретко да ги носи во нашето станче, но сè уште ги носи и во својата соба им ги нуди тие услуги.

Пред некое време бев сама во станот и ми се случи нешто грозно. Дојде еден нејзин колега, а кога ја отворив вратата ми рече дека имал договорено со мајка ми, а таа му рекла да го чека тука. Ама штом влезе и ја затвори вратата, тој се нафрли врз мене…

Услугата која требаше да му ја даде мајка ми, си ја зеде сам од мене. Беше грозно. Кога заврши на заминување ми фрли 20 евра и ми рече дека сум вредела повеќе од мајка ми… Не и кажав ништо на неа, си има доста проблеми, ја гледам дека често плаче.

Ама сега и јас сум многу тажна. Немам на кого да му го кажам ова што ми се случи. Ако пријавам некаде ќе и направам проблем на мајка ми. А многу ми е тешко. Прво, ја изгубив невиноста на таков грозен начин и второ, сега ми е јасно како и е на мајка ми сите овие години.

ГРОЗНО. Го проколнувам татко ми и како никогаш го молам Бог, ако постои, за сè да му врати, зошто тој е крив за сè. 

И.П.

Авторски текст, не смее да се копира и реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.