Home Вести Дијаспора Епа браво – Мими Велевска во Австралија настапи со Кејти Пери

Епа браво – Мими Велевска во Австралија настапи со Кејти Пери

Пејачката и диџеј Мими Велевска, од Мелбурн, полека но сигурно ја освојува Австралија. Таа веќе неколку години е познат диџеј низ целаиот континент, а во јануари ќе настапи на турнеја со Ники Минаж, каде покрај диџеј сетовите ќе ја промовира и својата прва песна „Лошите девојки знаат“.

Мими и не можеше да сака нешто друго освен музиката и уметноста, бидејки и двајцата родители и се уметници, татко и Томе е музичар и танчер а мајка и Славица е уметник.

-Моите родители ми ја пренесоа љубовта кон музиката. Татко ми е музичар и танчер, а мајка ми е уметник, и тие ме воспитаа во духот на музиката и уметноста. Тоа беше поттик и за мене. Почнав да свирам пијано кога имав четири години, веќе на 11 пеев, а кога имав 17 години се запишав на студии за џез музика, па почнав и да свирам.

Имам настапувано на сите најголеми фестивали во Австралија, настапував со TLC, Kејти Пери, Стив Аоки и следната година ќе настапам со Ники Минаж на фестивалот ФОМО 2019.

Колку е тешко да се успее во Австралија?

-Има многу можности да се направи успешна кариера во Австралија, но за да се постигне тоа потребно е учество на големи фестивали и со популарни пејачи. Најважно од се потребно е многу, многу напорна работа.

Што си повеќе диџеј или пејачка или и двете заедно ги спои?

-Работам со полно работно време како диџеј и настапувам на многу настани, фестивали, приватни забави, што значи засега повеќе сум диџеј. Диџеите се многу популарни за настани во Австралија. Но, секако дека и пеам. Се правам за мојата уметност а тоа е создавање музика.

Целото интервју прочитајте го на 7дена.мк