Home Вести Дијаспора Како слават Нова Година Американците

Како слават Нова Година Американците

Додека Американците и остатокот од светот се збогуваат од 2018-та и ја чекаат 2019-та година, ви доловуваме одредени настани и навики, карактеристични за жителите на САД во овој период. Веројатно најпозната е прославата на Тајмс сквер во Њујорк. Традицијата започнала во 1904-та година со спуштање на огромната кристална една минута пред полноќ.

Ако сте на некоја новогодишна прослава во САД, најверојатно ќе ја слушнете песната Auld Lang Syne, од позната поема на Шкотланѓанецот Роберт Барнс.

Според Scotland.org, нумерата е за љубов и љубезност во деновите коишто изминуваат, но истовремено се добива чувство и на припаѓање и партнерство во деновите што следат“. Исто така, многумина Американци се бакнуваат на полноќ, но како традиција којашто никој не може навистина да ја објасни.

Со оглед на настаните за сексуално вознемирување кои се појавија во Холивуд, во медиумите и политиката, оваа традиција можно е и да не трае многу долго. Како и да е, некои мислат дека небакнувањето, пак, може да води кон година на осаменост.

Славењето кај Американците вообичаено е проследено со шампањско, а некои на трпезата служат црно-бел грав (black eyed peas), за да ги следи среќа. Традицијата доаѓа од југот на Америка, каде што се верува дека овој вид на зрнесто растение води кон подобрување на домашниот буџет следната година.

Легуменските култури, кои своевремено се употребувале само како добиточна храна, биле нашироко популарни за време на Граѓанската војна и се верува дека спасиле многу луѓе од глад.

Некои од поновите новогодишни традиции во САД, главно се должат на растечката популација на жителите од латиноамериканско потекло. Многумина од нив, Новата година ја одбележуваат со тоа што јадат 12 зрна грозје, по едно за секој месец од годината, со верување дека ќе донесе среќа.

Според традицијата во Јужна Америка, жените носат шарена долна облека. Црвената боја е најдобриот избор за љубовта, додека жолтата, наводно, носи економски напредок.

И, додека привршува славењето, секако треба да се води сметка да не се вози во пијана состојба. Бројни локални полициски оддели спроведуваат таканаречени контролни пунктови токму за таа цел, а казните можат да бидат ригорозни, парични, одземање на возачката дозвола, па дури и затвор.

Среќна Нова Година!

Њујорк