Home Живот Ми рече: Ти ќе ми бидеш жена еден ден – е да,...

Ми рече: Ти ќе ми бидеш жена еден ден – е да, ама мајката ми ја расплака после тоа

Здраво, би сакала да ви го раскажам мојот проблем и маките во изминативе 5 години, но да не спомнувате имиња и да останам анонима. Сè започна еден ден кога бев излезена на кафе со другарка, а од никаде, ненадејно се појави еден дечко кој изгледаше очајно и си седна на нашата маса.

Едноставно дојде и седна, рече дека се враќал од фудбал и патиките му биле полни со нешто од вештачката трева, па зеде ги собу пред нас и почна да ги тресе. Мене тоа ми беше одвратно и смешно истовремено па почнав да правам гримаси, а тој се сврте кон мене и ми рече: Ти ќе ми бидеш жена еден ден, зошто од сите тука, само ТИ правиш гримаси!

Поседе уште малку и си отиде. По неколку дена повторно го сретнав, а тој почна интензивно да ми се додворува и да ми дава комплименти. Подолго време бев сама и тоа ми годеше. Така беше некое време, а потоа одлучив да ја прифатам отворената понуда за врска (беше постар од мене речиси 10 години и тоа ме колебаше).

Почетокот на врската беше преубав, иако тој пиеше повеќе од нормално, ама бев вљубена до уши и опсипана со внимание, па тоа не ми пречеше. Така беше 3 месеци и одеднаш почна да ме одбегнува, па дознав дека има друга, односно го видов со неа. Мислев дека нема назад и некако успеав да го пребродам тој лош период, но после 4 месеци прекин повторно се смиривме.

Е тука веќе започна моето 5 годишно пропаѓање, иако јас тогаш мислев дека почнува мојата среќа и дека тоа е крајот на мојот самечки живот. Полека но сигурно ме упропасти. Почнавме одновмо, тој секако си продолжи со пиењето, ама беше покрај мене. Некогаш многу се срамев од неговото однесување ама го сакав и си молчев.

По една година, иако трпев многу, ме остави и отиде со другар на тринеделен одмор во некое село, а јас цело време дома седев и плачев. Кога одморот му беше при крај ме побара и се извинуваше, а јас пак простив и сè проголтав, веќе бев половина уништена.

Продолжи алкохолизмот додека неговиот живот не дојде во прашање, здравјето сериозно му се наруши, па мораше да пие голема доза лекарства. За среќа се извлече и од тоа, јас секако бев до него и не го оставав во ниту еден момент.

По три месеци лекување му понудија работа која не беше во Скопје туку во Гевгелија. Ја прифати без многу размислување, а јас го поддржав затоа што дома кај него беа во лоша финансиска состојба.

Стана уште полошо зошто тој си накалеми нов порок, коцкањето. Јас бев навредувана, не ми дигаше телефон, ми велеше дека сум мрдната штом го барам секој ден. Тој очигледно покрај коцката си имал и друга жена таму за задоволување на потребите. Јас чекав и плачев додека не дојде еден ден да ми каже дека многу се задолжил кај некои финансиски друштва и дека очајно му се потребни пари.

Јас отидов и лажев за да дојдам до пари, но успеав да го спасам и да го извадам од долгови. Тој се смири, но тоа потраја неколку месеци додека најде нова работа и тогаш целосно заборави на мене. Заборави и на парите и на сè што истрпев за него, единствено оправдување му беше дека немал толкава граница на толеранција колку што била мојата.

Сега веќе немам желба да сретнам ниедно друго машко, иако можеби ќе бидам ценета. Последна работа што многу ме повреди беше тоа што сакаше новогодишната ноќ да ја помине сам, а го снимија и ми пратија фотографии како се паркира и вози девојка која излегува од неговиот автомобил, а подоцна како одат заедно кај него дома.

Името и презимето познати на редакцијата. Овој текст е авторски и не смее да се копира и реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.