Home Вести Македонија Спектакуларен дочек на Новата 2019 на плоштадот во Скопје (ФОТО)

Спектакуларен дочек на Новата 2019 на плоштадот во Скопје (ФОТО)

Со спектакуларен огномет и хитовите на Парни Ваљак, Скопјани во Винтерленд на плоштад Македонија ја испратија старата и ја пречекаа Новата 2019 година.

Најпрво имаше забава за најмладите, во која главната улога ја имаше Дедо Мраз.

Неколку илјади посетители и туристи вчеравечер уживаа во богатата новогодишна програма во Винтерленд и се забавуваа на музиката од Офкестра и Парни Ваљак.

Мора да се признае дека годинава Скопје имаше навистина светска програма за дочек на новата година. Замислата со “Винтерленд” и особено нејзината реализација беше на највисоко ниво.

Градоначалникот Петре Шилегов, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска во ЈЗУ „Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје“ го посетија првото бебе кое се роди во Новата 2019 година.

Првороденото бебе во Скопје во 2019 година е машко и се роди рано утрово, една минута по полноќ во Универзитетската Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје. Машкото бебе е тешко 3,920 килограми, а долго 52 сантиметри.

Мајката на бебето е Александра Ангеловска од Хиподром, која е родена 1993 година и ова и е прво дете.

Градоначалникот Шилегов на мајката и семејството им честита за првото дете, посакувајќи му добро здравје и многу среќа. Тој на семејството подари штедна книшка со 20.000 денари и други пригодни подароци.