Home Вести Дијаспора Интервју со Дарко, камионџијата од Америка кој излезе “ПОСЕРГЕЈ” од Сергеј

Интервју со Дарко, камионџијата од Америка кој излезе “ПОСЕРГЕЈ” од Сергеј

Дарко Јефремов е Македонец кој живее и работи во Америка. Јавноста кај нас го запозна про крајот од мината година, кога тој почна да постира интересни сатирични видеа, на кои прави пародија од популарната емисија “Ќе ми пукне душата”, со Сергеј Варошлија.

Дарко видеата ги прави од своето работно место, камионската кабина.
Особено интересен момент беше неговото последно видео низ улиците на Скопје, кога Дарко усреќи многу сиромашни и бездомни деца со новогодишни пакетчиња кои самиот ги подготвви.

Дарко се согласи да дадеинтервју за порталот Галама, во кое ќе одговори на некои прашања кои не интересираат нас и нашите читатели.

Галама: Дарко, од кога си во Америка и каков е животот таму, во кој град живееш, дали се заработува како порано, добра ли е живеачката.

Дарко Јефремов: Пред се среќна нова година и благодарам на подршката и поздрав до читателите. Во Америка сум веќе 4 години, се заработува Да, оној кој сака да работи, ќе има. Животот е без нервози, освен ако не си ги создадиме сами, нервози како домашните за сметки, сообраќај и кој што како ќе каже, нема таму. Моментално живеам во Чикаго, а летоска ќе се преселам во Мајами. Премногу балканци има во Чикаго, што заборавив да зборувам Англиски.

Галама: Многу нашинци одат низ Европа или Америка и возат камиони. Може ли денес солидно да се живее од заработувачката како возач на камион?

Дарко Јефремов: Може секако, кога си на пат цело време, и баш немаш време каде да потрошиш. Има шофери кој возат да заработат колку да се покријат сметките, а има и други кој возат по цел месец, зошто во кабината нема газда над главата, пумпите се средени и спремни секогаш за шоферите, и возењето со 110км на саат само право 800 Км, со добра музика, едноставно релаксира.

Галама: Дарко, кажи ни ги животните трошоци во Америка (стан, храна, комуналии), дали остануваат пари за провод, дали има дружење и седенки со пријатели како кај нас?

Дарко Јефремов: Јас сум среќен што моментално во Чикаго плаќам 950$ месечно за стан (просечно е 1200-1500). Минатиот месец ми дојде сметка за струја 0.40 Центи (види слика), затоа бев на пат и дома не се прибрав.

Година дена немам јадено дома, не се фалам, душа ми плаче да си зготвам нешто, ама немам време. Пари се има за провод и дружење, се нема кога. Со другари се договараме и на календарот местиме аларми, за да се најдеме после месец дена на ист викенд на исто место, по едно пиво да испиеме. Шоферска је туга голема. Но сепак по цел ден сме на слушалка, и комуницираме со сите сакани личности низ целиот ден.

Галама: Што те наведе, односно, од каде идејата да снимаш сатирични видеа и зошто твоја цел е Сергеј?

Дарко Јефремов: Искрено, јас се чудев колку прегледи направи видеото, како македонија да чекаше со нетрпение. Идејата ми дојде дур пиев кафе со една другарка. Во Америка ни фали адреналин, а снимање и едитирање видеа ми се хоби, па ете најдов на Сергеј да тепам досада

Галама: Нашата јавност познава уште еден камионџија кој се популаризираше со пеење во камионската кабина. Дали идејата ти дојде од овој пример и се познаваш ли воопшто со Андруш?

Дарко Јефремов: Со Андруш се немам сеуште запознаено, но ги знам неговите видеа, легенда е. Се надевам некој ден ќе седнеме двајцата во кабина, и ќе снимиме заедничко видео, а до тогаш еве едно монтирано од мене, за да ви тргне денот со насмевка

Галама: Кои се твоите планови за во иднина, го живееш ли Американскиот сон, односно колку си блиску или далеку до него?

Дарко Јефремов: Американскиот сон за секого е различен, имате едни што уживаат во дрогата и стриптиз барови, имате други што живеат од социјално од месец за месец. А јас, уште малку фали за да уживам во замислата на Америчкиот сон, Мајами, кабриолет, мотори, ролерки, и плажи. Догодина

Галама: За крај, како стигна до можност да заминеш преку барата, дали претходно ди работел некаде низ Европа и би препорачал ли на нашиоте читатели да се одлучат да ја напуштат Македонија во подобар живот?

Дарко Јефремов: Јас работев на брод, па преку брод дојдов до Америка. Секој почеток е тежок, со желба за успех, СЕ се постигнува! За читателите би препорачал да го следат своето срце, и да бидат она што сакат, и да уживаат во она што го работат.

Да не се плашат од непознатото, затоа што од него само ќе научат, и ќе стекнат искуство. А за Подобар Живот? Да беше толку “добар” во Америка, немаше да се враќам 4 месеци годишно одмор назад тука, во нашата убава Македонија.

Петар Попоски