Home Хороскоп Голема зимска љубов за пет хороскопски знаци

Голема зимска љубов за пет хороскопски знаци

Бик: За време на јануари и февруари, среќата ќе игра клучна улога во вашиот љубовен живот. Луѓето што ќе ги запознавате ќе ви подигнуваат моралот и редовно ќе ве потсетуваат на вашите креативни ресурси во животот.

Токму затоа и ова ќе биде одлично време за да видите колку можете да го раширите вашето срце. Колку повеќе време одвојувате за нештата што ве лекуваат и што ви помагаат во личниот раст и развој, толку подобро ќе ви биде во текот на зимската сезона, особено во срцето.

loading...

Рак: Бидејќи 2018 година започна со полна месечина во вашиот знак, вие постојано влегувате во неочекувани патувања низ сопствената душа. Интуицијата одлично ќе ве служи на полето на романтиката и поради тоа ќе развивате врски што позитивно ќе влијаат на начинот на којшто се вреднувате.

Ова не е време да ја искажувате вашата питомост. Бидете јасни во врска со вашите потреби и гледајте кој ќе се издигне доволно за да ги исполни.

Лав: Што сакате? Што навистина сакате? Ова не е време да продолжите да вложувате во врските од коишто ништо не учите, но исто така не е ни добар момент за да му дозволите на егото да владее со вас.

Силата е во вашиот знак, како и во вашата гордост, а овие две нешта можат да бидат токму тоа што ви треба – или тоа што ќе ве одведе во пропаст. Па, слушајте го срцето и интуицијата и побарајте го она што навистина ви треба. Ќе се изненадите од резултатите.

Стрелец: Искуствата што ќе ги доживеете оваа зима ќе ве подготват за големи промени на сексуалното и љубовното поле. Обрнете внимание на сите оние нешта што прават да се чувствувате несигурно, параноично и нестабилно, како и на оние што ви ги носат спротивните, позитивни нешта. Кога ќе ја доживеете оваа јаснотија, ќе знаете во кој правец треба да се придвижите и во однос на љубовта.

Водолија: Можеби имате чувство дека не е време за забавување со повеќе луѓе одеднаш. Можеби чувствувате дека не сте веќе расположени за сите тие игри на флерт… И тоа е сосема во ред. Искуството од последниве неколку години ве научило да ги почитувате вашите желби и потреби.

Но, исто така ве научило и на тоа да ги контролирате само нештата што можете да ги контролирате и да не се грижите за останатото. Затоа и оваа зима брзо ќе го пронајдете патот до љубовта и ќе ја изградите онаа врска што навистина ви одговара.

loading...