Home Естрада Сандра Африка му пееше на увце на Шенки Версаче од Арачиново, а...

Сандра Африка му пееше на увце на Шенки Версаче од Арачиново, а тој и го даде златото

На Фејсбук кружи снимка на која пејачката Сандра Африка пее: „Еј Ше(н)ки, Ше(н)ки, тако ти Алаха“, додека споменатиот македонски Албанец, Шенки Версаче ја кити со евра и злато.

Сандра Африка му пее видно расположена, додека богатиот Шенки ја чести што му ги изведува омилените песни.Медиумите пишуваат дека Шенки ги обожува Белграѓанките и генерално Србинките, што може да се види и на неговиот Фејсбук.

Шенки Версаче од Арачиново, кој во јавноста е познат по својата љубов кон модниот бренд „Версаче“, се прошета низ Скопје во златен автомобил.Можеби не ви се допаѓа неговиот стил, но кога некој ќе потроши милион евра за уредување на куќа и базен, ако на гаќи троши близу 200 евра, а на чорапи 45 евра, тогаш логично се поставува прашањето од каде се парите.

Токму тоа е она што се запрашаа повеќето читатели кога видоа што поседува Шенки Маслани, попознат како Шенки Версаче, Албанец од Македонија кој е сосема опседнат со модниот бренд.Бидејќи целата куќа ја уредил во стил на Версаче, ги обележал автомобилите, базенот, мебелот, односно сѐ!

sandra afrika 👌

Публикувахте от Shenki Versace в Четвъртък, 13 декември 2018 г.