Home Живот Тоше Зафиров: Кога му бев обезбедување на Груевски добивав по 1000 честитки...

Тоше Зафиров: Кога му бев обезбедување на Груевски добивав по 1000 честитки за Нова година, а сега едвај педесетина

Тоше Зафиров, шампионот во бодибилдинг и поранешен дел од обезбедувањето на побегнатиот екс премиер Никола Груевски, со интересна приказна им ја честиташе новата година на своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи. Само неколку часа по полноќ, тој напиша за спомените околу новогодишните празници од времето кога се грижеше за безбедноста на Груевски, во периодот од 2005 до 2008 година.

-Си беше еднаш едно време кога бев обезбедување кај едно човече (Никола Груевски) и тогаш за Нова година добивав околу 1.000 пораки со честитки. Потоа, не бев веќе кај човечето, и бројката се намали на 300… 500… За да по некое време, кого го заборавивме човечето таа се намали накај педесеттина, но барем си знам, малку се, но сепак искрени пријатели се. Ете, таква е оваа приказна… Среќна Нова 2019 година – напиша Зафиров.

Откако се повлече од обезбедувањето во шеста управа, тој целосно се посвети на вежбањето и на Македонија и донесе голем број на златни медали и високи титули во бодибилдингот. Од пред неколку години и неговата сопруга Габриела професионално започна да се занимава со бодибилдинг, и тие двајцата се еден вид на амбасадори кои ја претставуваат земјата на високо ниво насекаде во светот, враќајќи се со вредни награди и признанија.