Home Естрада Карлеуша објави фото и порача: Со мојот брак е сè во ред...

Карлеуша објави фото и порача: Со мојот брак е сè во ред вие лоши луѓе

Sвездите од естрадата се најчесто “отрпнати” и не реагираат на шпекулациите кои ги шират медиумите, околу невните наводни разводи, караници, тепачки… Но, се чини Карлеуша не можеше да го издржи најновиот атак, па вчера на ден Божик објави фотографија со својот сопруг Душко Тошиќ и напиша:

“Со мојот брак е сè во ред. Лоши луѓе, лоши намери. Сето ова кога тогаш ќе ви се врати како бумеранг.Нападот врз моето семејство го сфаќам многу озбилно, но не е ни прв, ниту последен пат. Среќен Божик!”

Карлеуша е изиритирана од последниот напис на Српски Курир:

“Бракот на Јелена карлеуша и Душко Тоиќ е во сериозна криза, а проблемите во рајот почнале на новогодишниот настап на пејачката, пишува српски Курир. Наводно на поп дивата ѝ пречело што нејзиниот животен сопатник ѝ испратил пијачка на познаничка која седела на соседната маса.

Толку многу и пречело тоа што Јелена го прекинала настапот и почнала да се кара со Душко. Јелана отишла на друг настап, а Душко се појавил како ништо да не се случило, но тоа ја прелило капката. Душко отиде дома и се обиде да ѝ објасни дека работите не се онакви како што ги гледа таа, но џабе, Јелена терала по свое.

Тошиќ ѝ го земал телефонот и тогаш се слушил прав рушвајс, раскажал извор блисок на пејачката.Според изворот, Душко наводно пронашол пораки со кои Јелена флертувала со фудбалерот Огњен Врањеш, со кого Душко, а и таа самата, не е во најдобри односи. Е тогаш Душко полуде.

Сешто ѝ изнарекол, ѝ го одзел телефонот, така што никој да нема контакт со неа. Душко му се јавил и на колегата фудбалер, па и нему му изнакажал сè и сешто. не знам што ќе се случи и како ќе се заврши ова, но мислам дека ќе поднесе документи за развод, тврди изворот на Курир.рс.”