Home Естрада Јелена Јованова после три години објави фотки од свадбата

Јелена Јованова после три години објави фотки од свадбата

Македонска театарска, филмска и телевизиска актерка Јелена Јованова, независно дали е во улогата на Јелена од Драчево, Милена од „На терапија“, Марина од „Тајни“, таа едноставно е миленичка на гледачите.

Најново ја гледаме во улогата на рецепционерката од „Преспав“, а мора да се согласите дека кастингот не можел да биде подобар кога е во прашање улогата на Јелена и начинот на кој таа го носи ликот пред камера.

Токму оваа серија направи Јелена почесто да биде во Македонија, бидејќи уште од 2014 кога почна снимањето на серијата „Тајни“, таа беше позиционирана во Хрватска каде и се омажи со својот колега од споменатата серија, Стјепан Периќ.

Имено, нивната венчавка се случи во Загреб без многу помпа, а дури по неколку години Јелена на својот профил објави неколку фотографии од венчавката на кои е прекрасна невеста во едноставна венчаница со потписот на „Кокев“, ноншалантна фризура, едноствна шминка и уникатен бидермаер.

Јелена од Драчево се’ уште не е мажена ама вистинската Јелена е среќна и реализирана жена која умешно, храбро и самоуверено чекори во професионалниот и брачниот живот.

Извор: Вистина