Home Естрада Карлеуша: Пукнете од мака, не се разведувам

Карлеуша: Пукнете од мака, не се разведувам

Јелена Карлеуша открива дека нејзините ќерки Ника и Атина, како и нејзината мајка Дивна, која боледува од рак на белите дробови, тешко ја поднеле приказната дека се разведува од Дишко Тошиќ поради допишување со фудбалерот Огнен Вранеш.

Поп ѕвездата за спркиот „Информер“ кажува дека многу ја погодила приказната дека се разведува од нејзиниот сопруг. Пејачката тврди дека гласините дека „се мувала“ со репрезентативецот на Босна и Херцеговина се тотална будалаштина, а најмногу влијаеле врз нејзините две малолетни ќерки и мајка и.

„Многу ме погоди човечката омраза и потребата да ми го уништат бракот и семејството. Ми удрија по децата! А мајка ми, која е болна, ова многу тешко го поднесе“- раскажувала Јелена, видно вознемирена.

Таа додава дека ништо не може да ја уништи нејзината љубов со фудбалерот кој од сега ќе игра во Кина.

-Мојот брак е посилен од таблоидите. Љубовта, довербата, тоа е посилно од секоја омраза.

Душко навикна на вакви работи и затоа не сака ни да ги коментира веќе. Тој е човек кој нема лош збор ниту мислење за никого. Сега видов кои ми се пријатели а кои непријатели.Секако од естрадата не очекував поддршка- рекла Јелена разочарана.

Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ, наводно, западнаа во сериозна брачна криза, а проблемите во рајот започнаа за време на настапот на пејачката за новогодишната ноќ.

Имено, играчот ги нашол пораките на неговиот колега Огњен Вранјес во телефонот на пејачката, по што многу се карале. Јелена и Душко ги негираа информациите на социјалните мрежи за разводот.

“Никому не сум земал телефон или на некого сум се заканувал. Би ги замолил некои новинари да не се обидуваат на сила и на разни начини да дојдат до мене. Само сакам долг живот за нашите непријатели да ги доживеат сите наши успеси”, пишува Душко Тошиќ како дел од неговата приказна на социјалните мрежи.