Home Живот Класика – ја оставил за помлада, а потоа се покајал и се...

Класика – ја оставил за помлада, а потоа се покајал и се вратил како кученце

Ова што ќе го прочитате подолу, горе-долу ќе ви биде познато, бидејќи сите сме слушнале, а на некои и им се случиле вакви примери во животот.

Можете ли да замислите како е тоа лицемерно? Мажот има жена која е посветена на децата, на семејството и на сите други обврски. Така да, најмалку мисли на себе.

Тој не сака да ја разбере, и постојано ја обвинува за таков изглед, наместо да и даде внимание, да излезат некаде заедно и да и купи некој подарок. Не, тој почнува врска со помлада девојка, бидејќи е искомплексиран и ја остава својата жена. Откако се разведени, децата ги видува само неколку дена.

Така мисли дека има направено добра работа и дека на тој начин ќе биде среќен. Но, дури тогаш сфаќа колку му недостига својата жена. Оваа нова, секако не му помага многу кога децата се кај него.

И додека еден ден се шетал низ градот, ја забележал својата поранешна сопруга. Изгледала потполно различно. Била убаво облечена и нашминкана. Била друга. Среќна. Сега има повеќе време за себе.

Се покајал за тоа што го сторил, но веќе било доцна. Не и треба маж кој ја оставил кога и бил најмногу потребен. Сега таа ќе започне нов живот, таков каков што навистина заслужува.

“Дојде и како некое кученце мафташе со опашот. Од оваа временска дистанца дури и го жалев. Немав веќе никакви чувства спрема него, па дури ниту негативни и покрај тоа што ми го направи. Конечно се пронајдов себеси, накратко му објаснив и му ја треснав вратата пред нос”.