Home Живот Сите очекуваа палата, а Меган и Хари се пофалија со реновиран амбар...

Сите очекуваа палата, а Меган и Хари се пофалија со реновиран амбар (ФОТО)

Кога ќе кажеме кралско семејство, обично помислуваме на раскошни тоалети, дворци, скапи вечери и луксузен живот. Сепак, се чини дека Меган Маркл и принц Хари се поголеми љубители на природата отколку на палатата, за што сведочи и првата фотографија од нивната нова куќа на село, во која планираат да поминат многу време со своето дете, чие доаѓање на свет се очекува напролет.

Станува збор за куќичка на фарма во Котсволд, опкружена со прекрасна природа. Куќичката вреди 2,5 милиони фунти, а се работи за реновиран објект што некогаш бил амбар.

Репортерката Емили Ендруз прва ги објавила фотографиите на Твитер, а многумина се сложиле дека не очекувале кралскиот пар да претвора стар амбар во своја викендичка.

Оваа куќичка има четири спални соби, плус две издвоени надвор, а во неа Меган и Хари веќе ги угостиле своите ексклузивни пријатели Џорџ и Амал Клуни, Серена Вилијамс, Пријанка Чопра и Ник Џонас.

Кралскиот пат оваа куќа ја закупил на две години, но некои извори тврдат дека планираат да ја задржат и откако ќе се вселат во новиот дом во близина на кралската палата.