Home Вести Дијаспора Не џабе рекле подалеку од наши – ги прибра во Англија, сега...

Не џабе рекле подалеку од наши – ги прибра во Англија, сега тие сакаат да го избркаат

Здраво Галама сакам да ве замолам ова да го објавите на вашата страна. Ви благодарам однапред. Се работи за мојот братучед, на кого негови пријатели на кои им помогна, сакаат да му наштетат.

Може статусов не е за тука, но само сакам да ви кажам да внимавате на какви луѓе помагате во Англија, поточно на какви “пријатели”. Оваа жена (Галама поседува фотографија) има 38 години и е од Струмица. Мајка е на три деца и не е официјално разведена.

Дојдена е во Англија со својот љубовник 30 годишен, исто така од Струмица. Тие се неколку години во тајна врска во Македонија. Во Англија се дојдени преку пријател и кумашин, бидејќи тој во Струмица бил во безизлезна ситуација, заглавен до гуша, молел и плачел по телефон да му се помогне, па бидејќи се “другари” од детството братучед ми решил да му помогне.

Живелее заедно месец дена на Barley Close, не платиле ништо, се било од братучед ми и неговото семејството, ги упатил во се, им средил за истата куќа каде живееле заедно, бидејќи тој се преселил во друга куќа, им средил за работа во неговата фирма…

На крај, овие двајца кои се најголеми лажговци и неспособни сами си ја скршиле вратата и се јавиле во полиција да го пријават господинот како наводно он ја искршил вратата. Овие луѓе сеуште одат на работа во истата фирма и живеат во истиот град бидејќи немаат достоинство и осет да се тргнат.

Дури сега почнуваат и преку пољаци и романци да им се закануваат на братучед ми и неговото семејство. Споделувајте да се дознае какви луѓе постојат…

На нашето прашање, кој е мотивот на парот од Струмица да му го прават ова на братучед и, нашата соговорничка одговори:

За да му наштетат, бидејќи тој е првиот Mакедонец во тоа место во Англија, нема други Mакедонци и сакаат да го уништат зошто се љубоморни и завидливи бидејќи тој си купи куќа.

Сега пробуваат на секој можен начин да го уништат, секаде лажат за се и сешто и провоцираат упорно само за да братучед ми да направи проблем и го избркаат од работа и од Англија Зошто тие се неспособни за ништо.

Фото: Илустрација

Имињата и презимињате се познати на редакцијата на Галама.