Home Вести Дијаспора За Валентајн во Швајцарија голема Македонска журка – ќе се доделува и...

За Валентајн во Швајцарија голема Македонска журка – ќе се доделува и автомобил

Естрадниот магазин Естрада плус информира дека на Валентајн (Свети Трипун), во Швајцарија ќе има голема журка. Привршуваат последните подготовки за најавената голема забава на 9 февруари, а по повод празникот на заљубените Св. Валентин и денот на виното Свети Трифун.

Македонска музичка еуфорија во Швајцарија за малди и стари е насловена големата забава на која учевство ќе земат познати и еминентни македонски музички имиња и тоа: Група “Алегро” со Санде Митев, Јордан Митев, Кристина Стојкова од група “Пицикато”, Драгана Костова, Џамбо Агушев, Џељо Дестаноски, тапанарот Челик со гајдаџијата Нанов Гоце, ди-џеј Гурумикс и ди-џеј Матис.

На забавата помеѓу другото е предвидена лотарија за нова автомобил. Поканети се сите македонци како и сопственици на свои фирми во Швајцарија да ја искористат можноста за промоција на својата фирма на бесплатен начин. Целта на вакавата иницијатива е отпочнување на некоја потенцијална соработка со друга фирма.

Местото на одржување на оваа голема македонска музичка еуфорија ќе биде во Пајерн во Швајцарија. Настанот медиумски ќе биде подржан од сателитската ИН телевизија.

Извор: Естрада Плус

Loading...