Home Естрада Татјана Стојановска го нарече Сергеј човек со искривени вредности

Татјана Стојановска го нарече Сергеј човек со искривени вредности

Голема тензија се крена по коментирањети на Бојана Скендеровски од страна на Варошлија во неговата емисија на 1ТВ. Таа доби доста критики во поглед на својот моден печат.

По емитувањето на емисијата, Бојана не остана имуна на негативните коментари на Сегеј, па го возврати ударот. Откако својот коментар таа го постави на Фејсбук профилот, се нижеа лавина од коментари со поддршка на Бојана, а меѓу многуте се најде и коментар од ТВ презентерката Татјана Стојановска која на Бојана и напиша вака:

-Страшно е што луѓе со искривени вредности стануваат идоли на младите. Тоа е најголемата штета од сето ова, а критиките се најмалку важни, т.е неважни. После ова може и мене ќе ме „подбере“, ха, ха, ха, пишува Стојановска, а пак Бојана веднаш и возврати:

– Кај и да е ќе бидеш… Не влагаш во неговиот шаблон(идеал) за јавна личност…ти фали изгорен тен од солариум,изгорена омбре,и амбиции да се натпреваруваш со 20 годишни девојчиња…премногу си своја и елегантна,одмерена за негов вкус.

Loading...