Home Останато Во неделта, на денот на помрачувањето нешто удри во месечината

Во неделта, на денот на помрачувањето нешто удри во месечината

Во неделата вечерта, оние кои гедаа во небото, доколку имаа среќа да им биде ведро, може да ја видат „крвавата Месечина“. Беше тоа помрачување на Месечината после кое сателитот остана црвенкаст неколку часа, но само оние кои внимателно ја набљудуваа ова појава, можеа да видат дека во Месечината удрил метеор.

Ударот на метеорот го виделе многу набљудувачи, дури и оние опремени со аматерска опрема, но не биле сигурно дали краткиот блесок на светлина кој го забележале бил некој вид на локален феномен или нешто во врска со Месечианта.

Поради тоа го провериле виденото на два преноси на помрачувањето во живо преку интернет. Едниот е снимен во Мароко, а другиот во Калифорнија. И се изненадиле кога виделе дека истиот блесок на светло го забележиле двете камери. што значи дека „нешто“ се случило на Месечината.

Веста е прво објавена на Редит чиј корисник пријави дека видел „мал блесок на Месечината“ и побрза да провери дали уште некој видел нешто слично. Слична глетка виделе и корисници од Мароко, а за феноменот извести и Грифит опсерваториајта од Лос Анџелес.

Не беше едноставно да се фати тој момент зошто метеоритот бил мал. Веројатно бил тежок од неколку десетици килограми и не се движел брзо, па се појавил сосема мал блесок, пократок од трепкање на око.

И покрај тие предизвици, повеќето луѓе успеаја да снимат фотографии и видео записи од настанот, а во текот на следните неколку дена веројатно ќе научиме многу повеќе за овој мал метеорит или други ситни метеорите како него.

Овие објекти се премали за нас да ги видиме со помош на телескоп, така што единствен начин да дознаеме повеќе за нив е кога нивните судари се силни. Благодарени на овој судар, ќе дознаеме повеќе за тоа колку се ситни карпите и колку често се судираат планетите и сателите од нашиот Сончев систем.