Home Живот Која е Тета Вегета – жената која го смисли најпопуларниот зачин во...

Која е Тета Вегета – жената која го смисли најпопуларниот зачин во Југославија

Професорката Злата Бартл поголем дел од животот била позната како „тета Вегета“. Таа е родена во Долац кај Травник 1920 година, а израснала во Сараево. Се претпоставува дека е заслужна за изумот Вегета – најпопуларниот југословенски зачин.

После големата матура, се запишала на студии во Сараево, а на факултет дипломирала физика, хемија, математика и минерологија.

Во една прилика пријателка од Франција и донела супа од кесичка, „откритие“ кое на жените ќе им го промени животот, а потоа проработила фантазијата на Злата – како најсовремената технологија на дехидрирање и пакување да ја спои со вкусовите од детството.

Бидејќи работела како хемичарка во фабриката Подравка во Копривница, започнала да ги истражува процесите на дехидрација на зеленчукот, а потоа на нејзина иницијатива 1957 година во фабриката почнале да произведуваат супа во вреќичка.

Во 1959 година од фабриката излегле првите килограми Вегета, зачин кој токму таа го осмислила. Плата потоа добила статус на почесна граѓанка на Копривница, а починала во старечки дом во овој град 2008 година.