Home Вести Дијаспора Малта и Италија беа лошо искуство за мене, но отакако сум во...

Малта и Италија беа лошо искуство за мене, но отакако сум во Швајцарија, ми се врати вербата во живот

Се викам Филип и низ Европа сум веќе десет години. Најпрво отидов на Малта. По само 1 месец се вратив во Македонија. Разочарувањето беше огромно.

Единствена работа која можев да ја најдам е да бидам чистач во еден хотел, а со платата која ја заработував неможев ни трошоци да покријам, стан, јадење… Мизерија.

Ми се чини дека Малта за заработка е полошо дури и од Грција, едвај 800 евра месечно.

По неколку месеци дома во Скопје, пак патот под нозе. Еден другар ми кажа дека успеал да се вработи во еден зимски центар во Италија, во хотел и му било фино.

Отидов, ама како што често испаѓа, моабетите не крај се претвораат во фијаско. Пречекував гости пред хотел, им ги товарав куферите на една количка и им ги носев до соба.

Работата не беше тешка, ама платата мала. Заедно со бакшишот (кој чудно, ама беше прилично сиромашен) правев едвај 1200 евра.

За основни потреби трошев околу 800, ако излезев 4-5 пати месечно, идев у минус! Во Италија останав осум месеци и се вратив повторно во Скопје.

По двегодишна пауза од гурбет, исконтактирав со еден другар на Фејсбук. Ми се пофали дека бил на работа во Швајцарија и повторно истата прикаска, дека топ се заработува.

Со оглед на тоа што овде во Скопје работев како конобар во една дискотека, само за викенд, немав што да загубам.

Отидов. Другарот разнесуваше млеко и јогурт по продавници со мало комбе во гратчето Лугано, кое се наоѓа на едно прекрасно езеро. Го замоли газдата да ме прими и мене и неколку месеци ме обучуваше. Платата навистина не беше лоша, околу 4000 франци.

Ама не паѓајте одма во несвест. Овде 4 илјадарки не се ништо. Луѓе ПРЕСКАПО Е. Соба у стан неможеш да најдеш испод илјадарка, кафе е 10 франци. Ако си пушач, боље одма врати се…

Е, ама мене ми упали среќата, шо би рекле нашите. Едно сабајле кога разнесував млеко, паркирав испред едно казино. Маркетот не беше сеуште отворен и дури чекав на тротоар, еден дечко, нешто постар од мене пушеше цигара пред казиното.

Запраивме моабет и излезе дека е Србин, па и дека бил питбос у казиното. Јас така ко шо сум зборлест, го засмејував со моабети и типот ме праша дали сакам да работам, бидејќи две крупиерки отишле на трудничко.

Го прашав за плата, ми рече 4500 бона за почеток. ОДМА прифатив. До пред 5 месеци работев таму, скоро 5 години. Завршив како помошник контролор и плата од 7000 франци. Чоек станав.

Ама искрено ми се здосади, секоја вечер на работа и решив да одам Дубаи. И да не успеам Дубаи, тука веќе сум снајден и во секое време можам да се вратам. Знаете ли што е најинтересно? Казиното во кое работев, до една година ми плаќа плата иако не работам веќе кај нив

Дури не најдам друга работа, само треба да им носам потврди дека сум направил две интервјуа за работа месечно, значи дека барам нова работа.Нормално, у меѓувреме направив папири, затоа е тоа така. И не се брзам за Дубаи. Поздрав

Обработи: С.П. Фото Илустрација

Оваа содржина е авторска и не смее да се превзема без одобрение од редакцијата на Галама