Home Живот После толку години проговори Радмило, сопругот на Силвана Арменулуќ, една од најпопуларните...

После толку години проговори Радмило, сопругот на Силвана Арменулуќ, една од најпопуларните ЕКС-ЈУ пејачки

Познатата пејачка, Силвана Арменулиќ настрада на 10 октомври 1976 година во сообраќајна несреќа на автопатот Белград – Ниш, во близина на селото Колари, враќајќи се од концерт во Александровац. Со неа настрадаа и нејзината сестра Мирјана Барјактаревиќ и виолинистот Раде Јашаревиќ.

Три и пол децении по трагичниот настан, нејзините песни се уште се живи. Познатата пејачка, која остави неизбришлива трага на народна музика, публиката ја памети по песните “Цигане, свири,свири,” “Моите рани”, “Срцево гори зашто те сака”, “Сама сум”, а пред сè, по познатиот хит „Што ќе ми е живот“?

Покрај раскошни глас, Силвана ја красеа убавината, харизмата и неодоливиот шарм, а со својата интерпретација и стил на облекување отвори ново поглавје во југословенската народна музика.

Неколку месеци подоцна, во есента 1961 година, Радмило Арменулиќ ја запроси Силвана. Се земале на 26 октомври, без знаење на нивните родители. По церемонијата на склопување брак во општината, тие отишле во кафеаната „Видин капија“ а потоа и во станот на неговите родители.

До тогаш се криеле, бидејќи, како единствено дете од угледно белградско семејство, тој стравувал дека родителите нема да се согласаткафеанска пејачка да им биде снаа. Сепак, тие само го прекориле зошто криел се од нив, зошто претходно не им ја претставил и не ги поканил на венчавката.

Првите години од бракот изгледале како бајка, а во 1964 година добиваат ќерка, на која и го дале името Гордана, според мајката на Радмило. На Силвана и били исклучително важно што нејзиниот сопруг не побарал од неа да престане да пее по кафеани.

Сепак, немале совршена идила. Радмило брзо добил понуда да игра во Западна Германија како професионален тенисер, а една година подоцна во Добој, таткото на Силвана по.чинал.

Трагичната смрт на Силвана Арменулиќ предизвика огромно внимание во јавноста. Во каналот карј патот беше најдена и скршената виолина на Јашаревиќ, а смр.та на Силвана остави зад себе многу мистерии. На пример, во времето кога веќе требало да бидат во Белград, тие биле само на половина пат.

-Секогаш е тешко да зборувам за нејзината смрт. Јас го прифатив она што беше кажано во полицискиот извештај, а потоа ми кажаа дека можеби таа била зад воланот. Сите овие приказни кои се однесуваат на нејзината смрт ги сметам за кафеански.

На секоја годишнина од смрт.та на Силвана одам на нејзиниот гроб, а понекогаш одам и без формална причина. И нашата ќерка Гордана секогаш го посетува гробот на нејзината мајка, но и таа не сака да оди кога е метеж. Таа не зборува за тоа, што е разбирливо, бидејќи имаше само 12 години кога Силвана загина.

Ставив на гробот два бели мермерни гулаби. Се сеќавам на неа, дека како личност која беше безгранично храбра. Таа не се плашеше од ништо. Сакаше брз живот и ја возбудуваа опасности. Но, како жена и другар, таа беше нежна, внимателна и благодарна – ќе изјави нејзиниот сопруг Радмило Арменулиќ.

Извор: Вистина