Home Естрада (ФОТО) Српската ѕвезда Рада Манојловиќ во Скопје отиде на гости кај Шенки...

(ФОТО) Српската ѕвезда Рада Манојловиќ во Скопје отиде на гости кај Шенки Версаче

Српската мега ѕвезда Рада Манојловиќ изминатиов викенд имала настап во клуб во Скопје. Во таа прилика, главен гостин бил токму Шенки Версаче, па истата вечер ја повикал Рада да биде гостинка во клубот чиј сопственик е тој.

Шенки Версаче е познат на Македонската јавност по неговата пасија по брендот Версаче. Детаљи од овој бренд може да се забележат на неговата фасада од куќата, покуќнината, неговите автомобили, гардеробата.

Шенки вели дека ова е еден вид негово хоби и сè што поседува од брендот Версаче е оригинал. Тој Версаче најчесто го пазари во Италија.

Неодамна Шенки отвори луксузен кафе – бар во Скопје и секако, го брендираше во Версаче. Токму во локалот гостинка му беше Рада Манојловиќ, која го искористи прекрасниот амбиент да даде и интервјуа за некои медиуми.