Home Естрада Сапуницата со Јелена и Врањеш од Балканот стигна и во Кина –...

Сапуницата со Јелена и Врањеш од Балканот стигна и во Кина – дури сега Тошиќ збесна

Веднаш по расправијата со Јелена , откако и ги најде пораките во телефонот, Тошиќ замина во Кина. Затоа сега кога кинеските медиуми  почнаа да пишуваат за изневерувањето од неговата сопруга и во целост да ги пренесуваат пораките кои таа ги разменувала со неговиот помлад колега, потполно полуде.

За кинеските медиуми оваа приказна деновиве е вистинска посластица и објавуваат се што се пишува во српските медиуми, заедно со фотографиите.

Ова не само што ја руши репутацијата на Душко во Кина, туку може да влијае и на неговиот договор кој годишно би требал да изнесува осум ипол милиони евра, а кој би требал да трае до 2021. година, вели српскиот извор близок до Тошиќ и додава:

– Покрај тоа, тамошните медиуми пишувале и дека Душко се гледал со Софија Милошевиќ, иако таа тоа го демантираше. Во целата приказна го вплеткале и поранешното момче на Софија, исто така фудбалер, Адем Љајиќ, па од се направиле дополнителен скандал.

Душко беше свесен дека аферата на неговата сопруга ќе го уништи неговиот имиџ во Србија и регионот, но не се надеваше дека за тоа ќе дознаат и кинеските медиуми, дополнува изворот.