Home Живот Николета, мајката на Душко поради стресот со снаата ја напуштила куќата

Николета, мајката на Душко поради стресот со снаата ја напуштила куќата

Во селото Орловац, се наоѓа семејната куќа на Душко Тошиќ, од која мајката на фудбалерот Николета, решила накратко да се отсели. Таа отишла кај ќерката Катарина во Зрењанин, бидејќи е во многу лоша состојба поради скандалот со снаа и, Јелена Карлеуша.

Николета е под голем стрес поради срамот на нејзината снаа. Се пресели на кратко кај ќерка и во Зрењанин, за да и биде полесно. Доаѓа само да ја види куќата, и веднаш си оди.

Добро информиран извор близок до играчот вели дека Врањеш е решен и се тоа бидејќи Јелена во еден момент рече дека ако дојде во Белград тој ќе биде протеран.

– Врањеш интензивно прашашувал за вили во Дедиње преку агенции за недвижности, истакна дека најмногу е заинтересиран за куќи кои се блиску до домот на Душко и Јелена.

Тој секогаш сакаше да има голема куќа во Белград, по скандалот со Карлеуша, тој сфатил дека е вистинско време да се пазари, бидејќи со тоа ќе убие две муви со еден удар – вели добро информиран извор и забележува дека Врањеш има намера целосно да ја уништи Карлеуша.

Како што тврди изовот на пејачката и било кажано за неговите намери.

– Соседка на Карлеуша кој со години ја продаваше својата куќа, тврди дека Огњен ја барал нејзината вила, а по ова Јелена доживеа нервен слом. Јелена извика: “Дали оваа будала ќе ми се тргне од грбот? Не можам повеќе да го издржам тој скот”!

Јелена е под голем стрес, Врањеш како да е опседнат со неа и нема намера да ја остави. Претрпе доволно за него, само тоа и фалеше- заклучува изворот за “Информер”.

Ова е голем срам за семејството Тошиќ, а нас ни е срам било што да ја прашуваме Николета, бидејќи не сакаме да и застануваме на маката. Доста и се непријатности – рекле соседите на мајката на фудбалерот.

Јелена Карлеуша денеска дошла на снимањето на новата емисија на „Ѕвездите на Гранд“. Видно нерасположена и облечена во зелен фустан со чизми над колена на кои има исцртано долари повторно ги одминала новинарите и не била достапна за изјави.

Loading...