Home Живот Ме остави мене, но потоа сакаше и детето да го остави во...

Ме остави мене, но потоа сакаше и детето да го остави во дом – нормално си ја зедов

Безброј се примерите за себични и егоистични родители, кои гледајќи го сопствениот интерес, се однесуваат сурово кон сопствената рожба, која со ништо не придонела за своето постоење.

Во јануари 2015 година, Ричард Џонсон стана татко на малата Персефона. По само еден месец, мајката го зема бебето и избега во Калифорнија. Наскоро таа одлучи детето да го даде на усвојување ако Ричард не дојде да ја земе.

21-годишниот татко не размислуваше многу. Веднаш се качи во авионот и во неговиот дом се врати со својата ќерка. Мајката ги остави, а Ричард е убеден дека ова одлука е резултат на постпородилната депресија.

Иако бил неподготвен, решил дека треба да ја чува својата ќерка. Заедно со многу самохрани татковци тој за порталот Life of Dad го раскажа своето искуство за да ги мотивираат другите кои се во слична ситуација.

„Во првите недели бевме само ние двајца. Бев нервозна и исплашена за татковство. Не бев сигурен дали ќе моѓам да се грижам за моето девојче “, напиша тој.

„Ја прочитав секоја книга која беше наменета за родителството, ги погледнав видеата што можев да ги најдам на Јутјуб за тоа како да се плете коса и лакираат нокти, но и да се справам со проблемите со родителството. Потоа почнав да ја следам оваа страница и сфатив дека има и други татковци кои се наоѓаат во слична ситуација.

Тоа ми даде самодоверба и ми помогна полено да ги прифатам нештата”, додаде тој.Ричард и неговата ќерка денес се среќни, а пријателите честопати бараат совет од него.

Неговото писмо стана вирално пред повеќе од три години, а денес се шири низ социјалните мрежи како потсетник дека ништо не е невозможно, па дури и кога еден маж сака сам да чува дете.