Home Естрада Ерик Фокс си најде нова Симона Поповска – се вика Кристина и...

Ерик Фокс си најде нова Симона Поповска – се вика Кристина и е авион (ФОТО)

Радиоводителот Ерик Фокс со години својата популарност ја гради преку своите радиоизданија на брановите на најслушаното радио во македонија, Антена 5.

Покрај тоа Ерик или Кире, како сакате, е познат по своите ДЈ сетови по клубовите и дискотеките ширум Македонија, па и надвор од неа, а последниве години и како 1/2 од дуото „Саунд месинџерс“ во кое до скоро за вокалите беше задолжена поп пејачката Симона Поповска.

По извесен број години успешна соработка, откако пејачката се омажи, гевгеличанецот (Ерик) и охриѓанката (Симона) решија да се разделат. „Музичкиот развод“ помина тивко, „на мала врата“ и без меѓусебни обвинувања и скандали. Симона продолжи понатаму да си ја тера својата паралелна соло кариера, а Ерик побара друго дете за да го пополни нејзиното место. И по извесно време ја најде неа…

Таа е повеќе позната како манекенка, мисица и модел, некогашна членка на модното студио „Црнокрак“, каде на 15 годишна возраст ги прави првите чекори и се здобива со првите искуства во светот на модата.

Подоцна зачекорува по модните писти во и надвор од Македонија, неколку пати претставувајќи ја на одредени европски и светски избори за убавина од кои се враќа и со титула како „Мис талент“ во Албанија или „Мис Европа“ во Бејрут…

Речиси 20-годишната Кристина Поп Трпева на својот изглед му го придодаде и својот талент за музика што ќе и ја визира позицијата пејачка во дуото „Саундмесинџерс“, завземајќи го местото на Симона Попоска.

Они кои не биле да ја слушаат, сигурно ја виделе на некоја ревија, реклама, избор… Или барем на некој од нејзините профили на социјалните мрежи, зашто Кристина никого не става рамнодушен. Особено не, кога е во долна облека или костим за капење, кои ги потенциратаат нејзините телесни квалитети.

Затоа и букетот од епитети како: привлечна, атрактивна, пожелна, предизвикувачка… е реален.

Незјините профили на социјалните мрежи се полни со машки пораки, но нејзиното срце се’ уште е празно, кога е љубовта во прашање. Кристина се ‘ уште нема сериозна врска, но затоа има сериозни намери да направи сериозна естрадна кариера.