Home Естрада На Балканот нема маж што не “лета” по Сања Кужет – но...

На Балканот нема маж што не “лета” по Сања Кужет – но еве што таа работела во минатото (ВИДЕО)

Водителката на популарната музичка емисија “Ѕвездите на Гранд”, Сања Кужет, пред 12 години се обиде да се проба на филмското платно на големиот екран.

Иако не доби ниту една од главните улоги, Сања ја играше девојката на Шенка во филмот “Ѓаволовиот воин“. Не остана во актерските води, иако веднаш сите забележаа дека е убава како што е и денес, но тогаш помлада за повеќе од една деценија.

За време на студирањето на Факултетот за географија, Сања работи и како модел, а потоа по наговор на тетка и ќе се пријави на аудиција за телевизиски лица на тогашната БК ТВ каде ќе ја започне нејзината водителска кариера.

Подоцна се префрла на “ТВ Пинк”, каде што работеше во информативни и забавни емисии, а остана запаметена како водителка на ТВ Бинго.

Покрај “Ѓаволовиот воин”, таа ќе се појави во 2010 година и во филмот “Ера на невиноста”, а денес со ангажманот во “Ѕвездите на Гранд”, важи за една од омилените водителки во Србија.

Извор: Вистина