Home Живот Новинарката Наташа Мерсовска пред некое време напиша: Благодарам многу, се гледаме за...

Новинарката Наташа Мерсовска пред некое време напиша: Благодарам многу, се гледаме за две години

Новинарката на телевизија Сител, Наташа Мерсовска во месец Ноември минатата година доби ќерка. Ова е прво дете за убавата новинарка. Таа најави враќање на малите екрани за две години. На бебето му дадоа необично име.

„Каја си дојде дома. Голема благодарност до Александар Бојаџиев кој се погрижи на свет да ја донесам мојата лепотица и покрај ризичната бременост, Лазар Чадиев задолжен за крвната слика да е во ред.

Без поддршката и советите од вас, оптимизмот немаше да биде присутен. Благодарам многу, се гледаме за две години“, напиша тогаш Мерсовска на нејзиниот Фејсбук-профил.

Мама Наташа деновиве направи неколку најнови фотографии, па истите ги постираше на својот Инстаграм профил.

На една од нив, тие се фотографирани во крупен план, како лежат една до друга… Мама без шминка, за Каја се подразбира. А, сличноста е повеќе од евидентна: убаво лице, бел тен, крупни светли очи и насмевка која плени…

Со еден збор, Каја е копија на мама Наташа! Барем сега за сега… а, веројатно и во иднина!