Home Живот Овчарот од Пухче што сакаше да ја жени Спенџарска, сега сака да...

Овчарот од Пухче што сакаше да ја жени Спенџарска, сега сака да биде и Претседател

-Јас поднесов кандидатура за Претседател на Македонија и мислев дека ќе водам лавовска битка со професорката Каракамишева. Во нејзе само гледав сериозен противник, навистина секоја чест за тоа она што го направи.

Kако што можел Никола Карев да биде Претседател на Крушевската Република на 27 години, можам и јас. Добив огромна поддршка од мајка Лоза, тетката на Груевски, стои во објавата на „Фејсбук“ на Марјан.

Марјан Трајчев од село Пухче, Штип пред неколку години стана познат на јавноста откако  се јави во “Канал 5″ да побара помош за љубовниот живот.

Тој тогаш кажа дека сака на неговата идна избраничка да и купи се што ќе посака, нема ништо да и недостасува, единствен услов е да биде домаќинка.

Сепак и по неколку години тој и понатаму е без жена, но неговата потрага не е завршена и не се откажува. Доказ за тоа е што сега преку „Фејсбук“ предложи брак на водителката Јелна Спенџарска која своевремено го интервјуираше.

„Јелена, имам некој јак осет дека ваа година свадба ќе правеш сигурно, а кој ке биде среќнико нека биде ама ваа година е твојта година, време ти е јеленче не ти мислам лошо.

Озбилно, сестра ти помала од тебе ожени се, и ти ќе се оженеш, хахаха ке биде по мое, куќа ќе гледаш, деца, ќе чуваш ,доста ти е шетање, ке бидам среќен дека сум те исправил по правиот пат да бидеш домаќинка.”, напиша тогаш Марјан

Loading...