Home Вести Дијаспора Село во Италија ви дава 9 илјади евра доколку се преселите таму...

Село во Италија ви дава 9 илјади евра доколку се преселите таму – одлична можност, особено за нашите таму

Во истиот месец кога сицилијанскиoт град Самбука ди Сичилија продава куќи за 1 евро, друг италијански град нуди 9.000 евра за да се преселите таму.

Пред да ги спакувате своите торби и да тргнете на пат кон Локана, постојат неколку услови за селидба во Италија и за заработка. Секој кој сака да живее во овој град мора да има дете и плата од минимум 6.000 евра.

Градоначалникот на алпското село Локана, Џовани Матиет, ја спроведе оваа кампања поради наглиот пад на популацијата од 7.000 лица во раните деведесетти, до сега едвај 1.500.

Понудата за живот во напуштените куќи важеше само за италијанските државјани, а денеска оваа понуда се прошири и на останатите. Градоначалникот се надева дека ќе привлече млади луѓе кои можат да работат од дома или сакаат токму во селото да почнат нова работа.

Инаку, селото има потенцијал за обнова благодарение на чистата енергија од хидроелектраната кој и се продава на државата.

А со оглед на тоа дека се наоѓа во срцето на Националниот парк Гран Парадисо во прашање е локација богата со природа за сите љубители на активности.