Home Живот Чиракот и сиромашното момче од приказните: Ми недостигаат и тоа многу

Чиракот и сиромашното момче од приказните: Ми недостигаат и тоа многу

Стана препознатлив по бројните улоги како син, чирак, сиромашно момче и многу други кои ги одигра во македонските народни приказни, а сеуште негова главна опсесија се токму ваквите улоги.

Младиот актер Владо Дојчиновски и понатаму продолжува со реализирање на низа улоги во бројни театарски претстави и покрај тоа што повеќе не се снимаат македонските народни приказни. Сега како што вели многу повеќе е насочен и сконцентриран кон создавањето приказни за помладата популација, а тоа му носи и приоритет што игра на бројни претстави низ целата наша земја.

-Младата популација е исполнета. Тие дечиња што ќе не гледаат 15 или 20 колку биле, за нас значат многу. Го имаат и тие вниманието кон нас а и ние го имаме целосното внимание кон нив. Кога можеме да играме во МНТ пред 200 или 300 души публика за нив, 15 душички кои не гледаат знаеме дека имаме уште поголемо внимание, а допринесуваме и ние за нив.

Постојано сме низ сите места каде што имаме многу публика, но и каде што имаме малку публика сакаме да го видат то што е наше, што ние го правиме. Да се почувствуваат задоволни и кога ќе излезат од тука да им е пријатно , убаво и да има што да раскажуваат.

Сепак, најболната можеме да речеме страна е жарот со кој се снимаа приказните а сето тоа сега е запрено. Дојчиноски истакнува дека приказни има многу, но некој треба да им овозможи да се снимаат.

-Приказни има многу, само некој треба да ни даде можност. Ние имаме мотив, знаеме што сакаме да направиме, што сакаме да им кажиме на народот. Потребно ни е можност тоа да го имаме. За жал таа можност моментално ја немаме.

Веќе две години приказните не се снимаат, незнам од која причина. Ни недостига снимањето на приказните. Ние денеска кога го снимавме овој видео запис се почувствувавме дека е народна приказна.

Многу недостига, бидејќи тоа сме го работеле многу време и сакаме да го работиме. Има уште многу да се сработи од нашиот македонски фолклор , сето тоа е едно големо невидено богатство кое што може сработи, само ни треба можност , некој да ни даде дозвола да го правиме тоа , истакнува Владо.

Неодамна актерот Владо се најде како целосен сценарист и режисер на нанјовиот видео запис од Ѓоко Јовиќ, за најновата песна “Стојне на чорбаџи Стојана” која одлично се вклопи како со текстот кој се пее во песната така и со беспрекорната изведба на одлично одиграните улоги на актерите во видеото.

Извор: Естрада плус