Home Естрада Ина Многуфина ја запука Елена Ристеска (ФОТО)

Ина Многуфина ја запука Елена Ристеска (ФОТО)

На социјалните мрежи Ина МногуФина често знае да ги прокоментира случувањата од јавен карактер. Ина на интересен, хумористичен начин знае да го каже своето мислење од светот на политиката, естрадата, јавните случувања кај нас, па и во регионот. Овој пат ја прокоментира пејачката Елена Ристеска.

Деновиве Ристеска прослави 100 000 следбеници на „Инстаграм“, а по тој повод нејзините пријатели и приредија специјално изненадување во еден скопски ресторан, каде масата беше декорирана со балони кои ја симболизираат бројката на нејзините следбеници.

„Она кога имаш среќа и подарок од Господ да имаш совршени другари и блиски луѓе. Кои наоѓаат повод да те направат најсреќна на свет и да те изненадат.

Во случајов по повод 101.000 следбеници успејаа да не ги “провалам” дека нешто подготвувале.. #малитеработи го прават животот убав’ напиша Елена на социјалните мрежи.

По тој повод, Ина МногуФина се огласи, па на својот Фејсбук напиша:

„Дали озбилно Елена славела 100 000 следачи во ресторан уште изјави дека била изненадена не знаела шо и спремаат? Па праење прослава за следачи е подебилно и од пола роденден со пола торта!“