Home Вести Дијаспора Америка не е тоа што беше – сега е подобро од порано

Америка не е тоа што беше – сега е подобро од порано

Драги мои пријатели од Галама. Во Њу Џерси и околината на Њујорк, живеам веќе дваесет години. По првите години на благосостојба, кога од ништо се правеше нешто и тоа траеше со години, дојде период на стагнација.

Околу седум до осум години траеше кризата во која едвај ги покривавме трошоците. Доколку некој беше сам, без партнер, речиси и да не можеше да опстане со месечните приходи. Многумина ги загубија своите куќи кои претходно ги купија, бидејчи не можеа да ги сервисираат кредитите.

Но изминативе три до четири години, сè како да почна да се враќа во нормала. Платите се стабилизираа, цената на основните намирници и горивото исто така. Се врати бизнисот. Знаете, овде кај нас владее кешот.

Ако ви кажам дека до пред три четири години, куќа можеше да се рента и за 800 долери, сега веќе не е така. Сега ако најдеш за 1200 треба да частиш, банкет да правиш.

На кратко, за сите оние кои се колебаат, а имаат можност да дојдат, да ви кажам. Работа нема, само за оние кои се молат да не ја најдат. За сите останати кои се навикнати со пот да си го заработат лебот, оваа држава ќе ги пречека со раширени раце.

П.П.

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Loading...