Home Естрада Лепа Брена го покажа луксузот на својот дом (ФОТО+ ВИДЕО)

Лепа Брена го покажа луксузот на својот дом (ФОТО+ ВИДЕО)

Фолк ѕвездата вчера се врати од одморот на Бора Бора каде уживаше по австралиската турнеја заедно со својот син Стефан. По враќањето во домот таа ги отвори вратите на луксузниот дом за камерата на Гранд, пренесува српски Телеграф.

Од фотографиите може лесно да се забележи дека таа ужива во луксузен и раскошен дом, погледнете.

По еден месечен одмор, Лепа Брена заедно со семејството се врати во Србија, па пејачката проговори за Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ кои го очекуваат првото дете.

„Александра е супер, тоа е нешто најубаво што очекуваме да се случи оваа година“ вели Брена и додава:

„Ние се им препуштаме на родителите, тоа ќе ни биде прво внуче. Ќерката на мојата сестра има две деца, а тие ми недостигаат и секој пат кога зборувам за нив ми кренува солза.

Целата љубов ќе биде концентрирана на бебето на Александра и Филип. Мислам дека јас сум во предност бидејќи сум поблиску, на Бежаниска коса. Можеби малку повеќе ќе им чукам на врата“ вели пејачката.

За потсетување, Пријовиќ треба наскоро да се породи, а за име на синот го одбра Александар.

Како што неодамна пишуваа српските медиуми, мајката на Александра ќе се всели кај неа дома за да и помага по породувањето.