Home Естрада Карлеуша по долго молчење се обрати со соопштение на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Карлеуша по долго молчење се обрати со соопштение на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Последниот месец актуелна тема во сите медиуми во регионот беше наводната порно афера на Јелена Карлеуша со босанскиот фудбалер, Огњен Врањеш.

Имено, во медиумите се појавија експлицитни фотографии на кои наводно е српската ѕвезда, а кои наводно ги праќала на Огњен.

Карлеуша ги демантираше пишувањата дека имала нешто со колегата на нејзиниот сопруг истакнувајќи дека се е фотомонтажа и дека босанскиот фудбалер сакал да има нешто со неа.

По големиот скандал, Карлуша заедно со ќерките замина кај својот сопруг во Кина каде го прославија неговиот роденден.

По враќањето, таа не сакаше да дава никакви изјави за медиумите. По неколку снимања на „Ѕвездите на Гранд“, Карлеуша замина во Дубаи каде се наоѓаше нејзиниот сопруг, па на социјалните мрежи често споделуваше заеднички фотографии.

Од Дубаи, Карлеуша замина на настап во Берлин, а по нејзиното враќање на својот „Инстаграм“ се обрати до медиумите исктанувајќи дека поднела тужби.

„Ова е прв и последен пат да се огласувам по овој повод. Се што е досега објавувано од страна на медиумите, како моја изјава, изјава на мојот сопруг, член на моето семејство, апслутно е измислица.Пред мене стојат правни полномоштва за 120 тужби кои ги поднесов кон српските медиуми поради страшна нечовечна антикампања.

Удрија на моето име, моето достоинство, моето семејство, на моите деца, сопругот, мајката.Овде не станува збор за медиумско известување туку за грубо навредување, напад полн со лична омраза, зло и желба за одмазда“ вели Карлеуша во соопштението.

Таа истакна дека сите пари кои ќе ги добие ќе ги даде за хуманитарни цели. Од самиот почеток на скандалот, Карлеуша доби поддршка од нејзините колеги и колешки како од Србија, така и од регионот.

На најновото соопштение кое го објави на „Инстаграм“ следеше коментар и од македонската фолкерка Сузана Гавазова која под објавата напиша: „Јелена, ние те сакаме“.

Видеото погледнете го ТУКА