Home Естрада Се појави нова фотка од Јелена, но и изјава од Врањеш

Се појави нова фотка од Јелена, но и изјава од Врањеш

-Почитувани, веднаш да ви кажам дека би испаднал џентлмен и не би потегнал вакви потези, доколку не бев изложен на тортура и обвинувања како ѝ закани до моето семејство од страна на госпоѓата и господин Карлеуша.

Со оглед дека се подготвени на се, во моја одбрана и одбрана на моето семејство подготвен сум да кажам и да ја докажам вистината. Јелена ѝ јас се запознавме преку Инстаграм пред две години, кога започна нашата врска. Таму разменивме броеви и влеговме во целата оваа ситуација.

За тие две години доживеавме и преживеавме се и сешто. Од заеднички патувања, гостувања кај мене во Атина и гледање на разни мести, па дури и во нејзиниот дом.

Си разменувавме твитови и разни работи. Во целата таа работа имаше и помалку убави работи. Пресветата Јелена глуми силна жена и важна личност, а преку пријатели и познаници моли и плаче. Тоа е карактеристично за госпоѓата кога нешто ќе ѝ биде потребно.

Да заклучам, јас ја демантирам целата работа ѝ не сум тој кој го изнесов валканиот веш. Јас ниту сум фан, ниту платеник, ниту психопат како што таа сака да ме претстави.

Пред се тоа е таа, а јас сум подготвен тоа да го докажам, затоа што имам докази. Никого не сум бркал ниту присилувал. Се беше доброволно и на обострано задоволство.

Па според тоа господин Тошиќ и госпоѓа Карлеуша виновниците барајте ги меѓу вас самите, не кај мене. Доцна се сетивте за патетика и спинувања.

Мене ми е многу жал за моето семејство кое е изложено на сето ова, но ова е единствен начин да ја кажам вистината, а со тоа и да се заштитам себе си и моето семејство од понатамошни обвинувања.

За почеток еве само еден доказ за тоа што го зборувам. Со почит Огњен Врањеш“, пишува во писмото кое фудбалерот Огњен го испратил до српските медиуми.

Инаку деновиве се појави нова фотка од Јелена, за која некои викаат дека можеби и не е таа, но некои тврдат дека нејзиното оригинално издание, без шминка е тоа: