Home Живот Стојко од Чучер е еден од ретките кои излезе читав од Титтаник

Стојко од Чучер е еден од ретките кои излезе читав од Титтаник

Стојко Додоловски е единствениот Македонец кој го преживеа Титаник на 15 април 1912 година.

Стојко е роден во 1896 година во селото Чучер на падините на Скопска Црна Гора. Бегајќи од теророт на Турците и Арнаутите уште како млад, Стојко на 16 годишна возраст решил да тргне за “ветената” земја – САД.

Со нешто заработени пари доаѓа во Саутхемптон, од каде требало бродот „Титаник“ да замине. Билет едвај успел да купи во последен час и тоа од еден поп, кој иако го купил бил спречен да појде, па му го препродал на Додоловски.

Судирот на бродот и ледот е ноќта спроти 15 април 1912 година, Додоловски успеал да дофати еден појас и рипне од 15 метарската височина гонет од единственото чувство за живот.

Се дофатил за еден чамец кој меѓу првите е спуштен со богати господа. Молел 16 – годишниот Македонец, да го примат, но погледите им биле студени дури укорувачки што се осмелил да се дофати за нив. Еден господин си ги подвиткал нозете со топлото ќебе а го покрил и кучето да не настине, но за Додоловски немале милост.

Држејќи се така во ледениот Атлантски Океан почнал да се грчи и мрзне, гласот му се фаќал и губел а силата го напуштала додека не се откачил од чамецот немоќен веќе. Господата не го ни погледнале а тој се нашол среде океан во темница. Постепено се наголемувал бројот на давеници и делови од инвентар.

Закачен за еден превртен чамец во мигот кога океанот почнал да го влече кон океанот напуштен и од последните сили, го наоѓа офицерот Лоу единствениот од таа ноќ вреден за почит кој со чамец ги собирал преживеаните подоцна. Еден од 12-мината спасени од Лоу бил Македонецот Стојко.

Лоу го ставил во чамецот, го вртел и триел. Подоцна е префрлен на бродот „Карпатија”, каде се сретнал со господата со кученцето. Во Њујорк чекале илјадници луѓе испаничени барајќи свои меѓу преживеаните. Од 2224 патници на Титаник дури 1517 останаа на морското дно.

За животот на Стојко после несреќата многу малке се знае. Според некој селани од Чучер, тој се вратил од странство во 1948 година во родното село. Се вработил во една фирма во скопската населба Ѓорче Петров. Се вратил со надеж дека ќе си живее и дека ќе умре во Македонија.

Но, неговата ќерка го повлече во САД и почина во Чикаго. Стојко во неколку наврати ја раскажуваше приказната за Титаник, и според постарите соселани, секогаш го правеше тоа со смеа. Беше секогаш насмеан и луѓето го викаа Стојко дебелиот. Имаше околу 200 килограми.