Home Естрада Елена Миленковска прво настапи на “Гранд”, а потоа се пофали со Дарко...

Елена Миленковска прво настапи на “Гранд”, а потоа се пофали со Дарко Лазиќ (ФОТО)

На „Ѕвездите на Гранд“ настапи Елена Миленковска од Скопје. Откако во првиот круг доби неколку критики и Ана Бекута прифати да и биде ментор истакнувајќи дека ќе и биде предизвик.

Очигледно дека Бекута била добра професрока, а Миленковска добра ученичка.

Во саботното издание таа се претстави со две песни со што ги доби сите шест гласови и овој пат за разлика од претходно сите ги остави без зборови.

Во текот на првата изведба „Како после нас“, Јелена едвај ги задржа солзите, а имаше и пофални зборови за нејзината дикција.

По емитувањето на емисијата, Миленковска присуствуваше на снимањето на „Ѕвезде Гранда специјал“ каде што гост беше и Дарко Лазиќ.

Ова беше прво негово појавување на „Гранд“, а Елена ја искористи приликата и го овековечи овој момент со заедничка фотографија.

Фотографијата со Лазиќ, Миленковска ја објави на социјалните мрежи.

Како Елена ќе се претстави во третит круг и дали ќе го повтори успехот останува да видиме.