Home Естрада Тијана Дапчевиќ откри што мисли за Шабан Шаулиќ (ВИДЕО)

Тијана Дапчевиќ откри што мисли за Шабан Шаулиќ (ВИДЕО)

Она што се случи минатата недела со Шабан Шаулиќ го потресе целиот Балкански полуостров. Информациите кои пристигнаа од Германија на почеток беа примени со неверување. Замина некрунисаниот крал на народната песна.

Целата естрада се прости од Шаулиќ, а меѓу нив и македонската пејачка, актерка и водителка Тијана Дапчевиќ за еден српски магазин откри што мисли за пејачот чија кариера траеше повеќе од 50 години.

„Јас сум исто како некој да ме удрил, некој со безбол палка. Знаеш она кога не можеш да веруваш… Не е фер, јас навистина не знам што друго да кажам. Не напушти прерарно, можеше уште да ни пее“ изјави Дапчевиќ. Дапчевиќ истакна што мисли за Шабан.

„Бог, крал на народна музика, некој кој можеше се да отпее. Некој кој милуваше со својот глас. Некој кој беше вистински човек, голем професионалец, некој кој беше единствен, некој кој беше музика“ вели Дапчевиќ.