Home Вести Свет Sвезди на балот: Заев со сопругата во Виена пречекан како Тито (ФОТО)

Sвезди на балот: Заев со сопругата во Виена пречекан како Тито (ФОТО)

Премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица синоќа беа дел од традиционалниот оперски бал во Виена. Заеви се на балот како гости на австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Зоран Заев е единствениот коj Курц годинава го поканил како негов гостин на престижниот бал.

Лани гостинка на Курц беше сомалиската авторка, активистка за човекови права и поранешен модел Варис Дирие. Заеви, заедно со Курц и неговата партнерка, балот во Државната опера го следеа во една од ложите.

Оперскиот бал во Виена се одржува речиси 200 години, а во Државната опера обновен е во 1956 година каде што се одржува еднаш годишно. Настанот отвора со целовечерен гала концерт со оркестар и балет, а потоа со танц 150 млади двојки дебитираат во општествениот живот и така почнува балот. Балот е комерцијален настан и билетите се од 315 евра во партерот до околу 2.000 евра во ложите.

Порано попладнето Заев и Курц имаа и билатерална средба. Како што соопштија од Владата, Заев му се заблагодарил на канцеларот Курц, но и на Владата на Република Австрија за сè што направиле за Република Северна Македонија, но и за целиот регион на Западен Балкан.

Курц на Заев уште еднаш му честитал за решавање на спорот со Грција и му рекол дека Австрија ќе ја даде потребната поддршка Република Северна Македонија годинава да ги започне преговорите со Европската Унија.

Извор: СДК