Home Естрада Вака мама ќе биде присутна во мојот дом – Јелена ги пренесе...

Вака мама ќе биде присутна во мојот дом – Јелена ги пренесе омилените работи на Дивна во својата куќа

Како што пишува српски Курир, Јелена Карлеуша сака да ги чува спомените од мајка си која почина на 3-ти март од рак на белите дробови. Уникатните предмети како накит, гардероба и останати предмети, Јелена ќе ги чува во посебна просторија во нејзиниот дом.

-Јелена е скршена, но полека доаѓа на себе. Дури сега станува свесна за реалноста и се повеќе го чувствува тоа што ја нема мајка и. Претходните денови доживеа голем шок, па константно е под таблети.

Сега веќе полека се враќа во нормала, но и понатаму тешко го прифаќа фактот дека остана без мајка. Како што е познато, тие беа многу блиски, па Јелена посака да ги сочува работите на Дивна. Замоли пријател да ги донесе кај неа сите предмети што Дивна ги сакаше и не можеше без нив.

Не сака да ги фрла, подарува и остава да гнијат, туку сака постојано да бидат до неа и на тој начин да ја чувствува „присутноста“ на мајка си, открива изборот и додава дека Јелена почнала да го носи накитот на Дивна, како и тоа дека наскоро ќе се врати на секојдневните обврски.