Home Естрада (ФОТО) Цеца прошета низ Рим и пиша: Обожавам кога сум обичен турист...

(ФОТО) Цеца прошета низ Рим и пиша: Обожавам кога сум обичен турист и никој не ме познава

На славните личности, пејачи, актери, отпочеток им годи, но подоцна им пречи популарноста и губењето на приватниот живот. Нивна најголема желба станува да можат слободно, без присуство на фоторепортери, камери и фото апарати, да можат да излезат и да прошетаат по улица.

Цеца Ражнатовиќ го посети Рим во сосема опуштено , но и модерно издание. Најголемата српска фолк ѕвезда го посети овој италијански град за да се одмори по настапот во Виена, каде пееше за матуранти.

Цеца ја послужи убавото време, па во овој град уживаше во прошетка и сонцето, без да мора да се фотографира и да дели автограми.

Таа на себе имаше бела маичка, фармерки и црна „Шанел“ чанта кои одлично и прилегаат како турист во овој атрактивен град во Италија.

-Сакам да сум турист, напиша Цеца во описот на фотографијата каде е насмеана и се гледа дека одлично и годи тоа што може сама и на раат да шета и ужива како и сите.