Home Естрада Влатко е горд на “малиот” кој растура на тапани, но ќерка му...

Влатко е горд на “малиот” кој растура на тапани, но ќерка му е негова слабост (ФОТО)

Виртуозот Влатко Стефановски е горд татко на две прекрасни деца, синот Јан и ќерката Ана кои се неговата најголема љубов и гордост во животот.

Уметничкиот ген не ги одминал неговите наследници, кои денес веќе добро знаат кој е нивниот животен пат и професионална определба. Помалиот Јан, неодамна импресионираше на настапот на „Златна бубамара“ заедно со татка си, и уште еднаш покажа дека музиката и уметноста течат низ неговите вени .

loading...

За разлика од Влатко, Јан е страствен вљубеник во ударните инструменти, а пак за Ана, музиката не е професионална определба, туку книжевноста и литературата.

„Ќерка ми Ана самата доби стипендија, магистрираше во Италија и наскоро треба да докторира на Универзитетот во Падова на тема италијанска книжевност“- открива Стефановски за ќерката. Инаку, на дел од неговите настапи, Влатко не ретко патува заедно со Јан и со Ана.

Влатко Стфановски е активен корисник на социјалната мрежа Инстаграм, каде често знае да сподели некоја заедничка фотографија со наследниците, токму од нивните заеднички патувања низ светот.

loading...