Home Uncategorized (ВИДЕО) Двајца браќа утрово од Гостивар во солзи се гушнаа и разделија...

(ВИДЕО) Двајца браќа утрово од Гостивар во солзи се гушнаа и разделија – едниот замине за Германија

Часот е 9 наутро. На автобуската станица во Гостивар, пегратки и солзи. Се разделува брат од брат, а кога ќе се сретнат повторно, никој не знае. Коферите подготвени за Германија или некоја друга европска држава. Не е важно каде. Онаму, каде што ќе најдат работа. Роднините тешко ги поднесуваат разделбите со нивните најблиски.

“На пат кон Хамбург“

“Среќен пат, не се грижи“

Автобусот на компанијата НАСИР ТУРС се сообраќа на редовната линија Охрид – Хамбург. Само за за ова патување продадени се 44 билети.

Откако се сместија на своите места, автобусот тргна на пат на печалба.

“Во Македонија работев во општина Бутел, но многу мала плата, за 12 илјади денари, многу малку е. Принуден сум да одам на печалба. Бев во Швајцарија во 1998, ова е втор пат да одам за Германија, знам малку германски јазик“, ни рече жител на Скопје.

Сунај и Хајруш не се познаваат, но ги обедини патот за на печалба. Велат дека одат со надеж дека животот ќе им се смени на подобро. Но, тешко им е што ја напуштаат татковината.

Целата сторија проследете на ја ТВ21

Loading...