Home Вести Една од најголемите нискобуџетни авиокомапнии прогласи банкрот: Илјадници патници останаа по аеродромите

Една од најголемите нискобуџетни авиокомапнии прогласи банкрот: Илјадници патници останаа по аеродромите

На патниците им рекле дека ќе има одложувања на летовите , но илјадници останале на аеродромите од вчеравечер.Авиопревозникот Wow Air, кој има редовни линии од британските аеродроми Гетвик, Станстед и Единбург, оваа недела разговарал со сопствениците на обврзници за подигнување нови пари.

Во изминатите шест месеци се разговараше за потенцијална продажба на превозникот, најпрво на Исландејр, потоа на американската компанија “Индиго Партнери”, која има удел и во неколку други авиокомпании, меѓу кои и унгарскиот Wizz Air.

Но,на веб-страницата на Wow денеска беше соопштено дека престанала да работи и ги откажала сите летови. Информираа и дека патниците кои треба да патуваат треба да резервираат со други авиокомпании.

Веб-страницата на Wow, како и на британската Управа за цивилно воздухопловство (CAA), предлага низа можни начини за надоместување на трошокот на патниците , меѓу кои има и такви кои за нови семејни билети со други авиокомапании платиле 5 000 фунти. На патниците им се сугерира да поднесат барање за надомест од комопанијата во банкрот или ликвидација.

Wow е основана во 2011 година од нејзиниот главен извршен директор, Скули Могенсен. Започна со летови во 2012 година и вработи 1.000 лица, превезувајќи 3,5 милиони патници минатата година во своите 11 авиони. Имаше редовни линии на кратки и долги релации, летајќи до Копенхаген и Аликанте во Европа и Вашингтон и Бостон во САД.

Loading...