Home Вести Свет Не дава да му се бацува раката – пред да дојде во...

Не дава да му се бацува раката – пред да дојде во Македонија се појави видео каде Папата ја трга раката од верниците

Снимката од папата Франциско, кој во италијанскиот град Лорето ја извлекува раката, додека верниците се обидуваат да го бакнат неговиот прстен, стана вирална на интернет.

Официјалните снимки на ватиканската телевизија покажува дека папата ги поздравува верниците околу 13 минути, и во текот на првите десет минути, 41 лице се поклонило пред папата и или го бакнале неговиот прстен или барем тоа го гестикулирале, напиша Би-би-Си.

На снимката, која кружи на интернет, папата Франциско ја извлекува раката пред 19 лица кои сакале да го бакнат неговиот прстен, а еден човек дури по грешка ја бакнува својата рака.