Home Естрада Сузе Турунџиева емотивно за своите ќерки: После него зборот татко повеќе не...

Сузе Турунџиева емотивно за своите ќерки: После него зборот татко повеќе не ист

Водителката Сузана Турунџиева, со емотивен статус се сети на својот покоен татко Васко, кој почина пред точно 25 години.

Bо едно сончево мартовско утро (наспроти сите наши молитви) засекогаш не напушти човекот кој многу го сакаше животот, природата, ги сакаше животните, луѓето, особено децата…

Мојот татко Васко… После него зборот ТАТКО не беше веќе општа именка…За жал, во моето племе таа именка (со текот на настаните) прејде во апстрактни именки… И тоа траеше, и траеше…Иронијата на сето ова мораа да ја доживеат прво моите внуци, а подоцна и моите деца. И да замислуваат како треба да изгледа некој кој е татко.

Му благодарам на животот што ни го даде Филип, кој нѐ потсети што значи да се биде ТАТКО…Лора ќерко, ти си допрена од Бога што Јаков има татко како Филип…Ви благодарам за љубовта што ја имате, и што го вративте во употреба најдефицитарниот збор во нашиот семеен речник, напиша Турунџиева.

Турунџиева ги има ќерките Лора (19) и Матеа (9).