Home Вести Татко му беше претседател на државата – а тој се откажа од...

Татко му беше претседател на државата – а тој се откажа од албанското државјанство

Синот на поранешниот албански претседател Бујар Нишани се откажа од албанското државјанство.

– Ерсилио Бујар Нишани од 18 март повеќе не е државјанин на Република Албанија, што е објавено во службен весник. Со уредбата потпишана од страна на претседателот Илир Мета, меѓу лицата кои се откажале од албанскиот пасош е и името на синот на екс претседателот Нишани.

Кои се причините за овој чекор на младиот Нишани не се познати, но се знае дека тој е на студии во Австрија.

Претседателот Мета, според Уставот и позитивните законски прописи потпишува уредба за одземање или доделување албанско државјанство по предлог на Министерството за внатрешни работи.

Бујар Нишани (53) на чело на албанската држава беше во периодот од 2012 до 2017 година. Во бракот со Одета ја имаат и ќерката Фиона.