Home Вести Македонија Уапсен Жарко Гроздановски, лидерот на Христијанско братство

Уапсен Жарко Гроздановски, лидерот на Христијанско братство

СВР Тетово вчера го уапси Жарко Гроздановски, од „Христијанско братство”, кој со видео-снимка објавена на Фејсбук му се заканувал на премиерот Зоран Заев и на сите останати членови на владата, соопшти министерството за внатрешни работи, јави 24 Вести..

Гроздановки кој е од селото Брвеница, Тетово, завчера на социјалните мрежи, објавил видео со заканувачка содржина. Причината за видеото било наводно апсење на некој од Христијанското братство

Против него ќе биде поднесено обвинение. Инаку МВР изминатата недела објави дека ќе бидат санкционирани сите повици и поттикнување на нетрпение преку социјалните мрежи.