Home Останато Ова е од нас, луѓето: На Сицилија заринка мртов бремен кит со...

Ова е од нас, луѓето: На Сицилија заринка мртов бремен кит со полн стомак пластика

Во желудникот на женка кит која била бремена, најдени се 22 килограми пластика.

Телото на китот испливало на брегот на италијанскиот остров Сардинија, во Средоземното море.

loading...

Мртвото животно долго 8 метри било најдено на плажата на туристичкото место Порто Керва на Сардинија.

“Во желудникот имаше вреќи за отпадоци, рибарски мрежи , цевки, делови на пакетчиња што се користат за перење алишта, како и многу други предмети од пластика.”, изјави Лука Битау , еколог и претседател на невладината организација од Сардинија. Беше бремена и сигурно имала абортус пред да стигне на брегот. Фетусот веќе беше доста развиен.” додаде екологот.

Италијанскиот министер за животна средина преку Фејсбук испрати остра порака дека овој случај покажува колку се опасни пластичните отпадоци и колку се загадени морињата.

Министерот Серџо Коста потсети дека Европскиот Парламент воведе забрана за користење пластика за еднократгна употереба во сите земји членки на ЕУ од 2021, а тој потенцира дека Италија ќе биде меѓу првите што ќе ја стави забраната во сила.

loading...